Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е подготвен да испрати дополнителни војници во балтичките земји.

-Подготвени сме да направиме се што е потребно за да го зајакнеме германското присуство во операциите на НАТО во балтичките земји, изјави Шолц во интервју за АРД, пред да замине за Вашингтон, каде што ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Германија ја предводи операцијата на НАТО во Литванија, каде се распоредени 500 нејзини војници.

На прашањето дали потребата од засилување може да се реши на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во средината на февруари, Шолц одговори: „Ние сме подготвени да донесеме одлука“.

Претходно министерката за одбрана Кристин Ламбрехт изјави дека Германија е подготвена да го зголеми своето присуство во Литванија.