Почетокот на второто полугодие во училиштѕата во Бугарија почна денеска во сложена епидемиска ситуација, што наметнува ограничувања. Како што јави дописникот на МИА од Софија, само во четири окрузи наставата почнува со целосно присуство за сите паралелки. Учениците ќе можат да влезат на час по антиген тест за Ковид-19 или „зелен сертификат“.
Низ државата второто полугодие со физичко присуство почнува за за деца од 1 до 4 одделение, а сите останати ќе учат ротирачки – со физичко присуство и онлајн.