Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах за весникот Билд изјави дека е убеден оти наскоро ќе следи крај на пандемијата со Ковид-19, како и дека Германија ќе може да ги релаксира епидемиолошките мерки пред Велигден.

Лаутербах наведе дека е „ целосно убеден“ дека на есен ќе заврши пандемијата, но само доколку Германија по примерот на Австрија воведе задолжителна вакцинација.

– Нема да излеземе од оваа дилема се додека имаме огромен број невакцинирани луѓе, посочи Лаутербах.