Европската унија се подготвува за сите можни сценарија во врска со ситуацијата околу Украина, изјави на прес-конференција портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, како одговор на новинарско прашање за можен бран бегалци од Украина во случај на руска инвазија

– ЕУ се обидува да ја процени ситуацијата, да се подготви за различни сценарија и можни исходи. Се обидуваме да бидеме подготвени на сè, но во моментов не можеме да дадеме детали, рече тој.

Портпаролот на ЕК потсети дека во однос на актуелната визна либерализација со Украина, постои механизам за нејзино прекинување, кој „може да се активира доколку е потребно“.