Германскиот канцелар, Олаф Шолц, денеска ја потврди посве теноста на Германија кон нејзиниот сојуз со САД, за време на неговата прва посета на Вашингтон на новата функција, јави ДПА.

-Ние сме блиски сојузници и дејствуваме на координиран начин и единствено што се однесува до актуелните кризи, рече Шолц по пристигнувањето во главниот град на САД и пред разговорите со претседателот Џо Бајден.

„И од таа причина, важно е Германија, САД, НАТО и Европската унија да расправаат усогласено“, рече тој во врска со украинската криза.

-Ќе платиме многу висока цена доколку Украина воено биде нападната, рече тој, пренесен од германската агенција.

Шолц рече дека деталите за таа цена долго се разговарале и се подготвувале со цел да има брза, решителна и усогласена акција.