Ако Русија изврши инвазија, што значи тенкови и војска ја поминат границата на Украина повторно, тогаш нема повеќе гасовод „Северен поток-2“, изјави синоќа претседателот на САД Џо Бајден на заедничкиот брифинг со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Ако Русија нападне… повторно, нема да има ништо од Северниот тек 2. Ние ќе завршиме со тоа“, обраќајќи се на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, рече американскиот претседател Џо Бајден.
Запрашан како ќе осигури да биде така, Бајден одговори „Ви ветувам дека ќе бидеме способни тоа да го сториме“.
Со Северен тек 2 треба да се удвојат руските испораки на гас во Европа на вкупно 110 милијарди кубни метри, а изградбата ја финансираше концернот кој го сочинуваат руски „Газпром“ и неговите европски партнери австриски OMV, француски ENGIE, британски „Shell“ и германските „Uniper“ и „Wintershall DА“.