Лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во Босна и Херцеговина, Драган Човиќ најави дека дијалогот за измена на изборниот закон на Босна и Херцеговина, треба да продолжи на 10 февруари во Сараево, при тоа истакнувајќи дека доколку не биде изменет изборниот зако, нема да има избори во октомври.

Тој додаде дека е подготвен да им даде уште една можност на Бошњаците, да разговараат за измени на изборниот закон.

– Јасно е дека, ако ги нема тие промени, не постојат уставни и законски можности да се организираат избори. Ова што го зборувам, е врз основа на одлуката на Уставниот суд. Нема никакви предуслови да се одржат избори, доколку нема промени во изборниот закон на БиХ, истакна Човиќ.

По неуспешните преговори на Хрватите и Бошњаците во Неум, учесниците продолжуваат со меѓусебно обвинување.