Македонскиот амбасадор во Тирана Данчо Марковски денеска беше во посета на Собранието на Албанија каде оствари средби со првите луѓе на две парламентарни комисии.

Одвоени средби Марковски имаше со претседателката на парламентарната Комисија за европски интеграции, Jорида Табаку, и со претседателката на Комисијата за надворешни работи, Мими Кодели. -Разговорите беа искористени за меѓусебно информирање околу новиот пристап и воспоставениот позитивен дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија во насока на воспоставување меѓусебна доверба, со цел откочување на евроинтегративните процеси, информираа од Амбасадата. Додаваат дека заедничка констатација била дека Северна Македонија и Албанија остануваат посветени на членството во ЕУ, како најважен надворешно политички приоритет.

Средбите биле искористени и за конкретизирање на планот за работни посети на парламентарните комисии на двете земји.