Хуманитарните организации нема да можат да одговорат на потребите на населението доколку избувне руско-украински конфликт, изјави денеска шефот на невладината организација Норвешки совет за бегалци.

– Искрено, нема да можеме да задоволиме ниту дел од потребите на населението во случај на конфликт меѓу Русија и Украина, изјави Јан Егеланд по неодамнешната посета на источна Украина.

Според него, дури и да се подготват за оваа можност, хуманитарните организации не би можеле да допрат до околу два милиони жители, меѓу кои има многу постари луѓе, бидејќи живеат на места кои би станале главни линии на фронтот.

Земјите на НАТО стравуваат дека Москва, која распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата, може да ја нападне Украина.

Русија негира дека има такви планови, но бара гаранции за нејзината безбедност, вклучително и гаранции дека Украина никогаш нема да биде членка на НАТО и оти Алијансата ќе ги повлече своите сили од области во близина на Русија