Пред трговскиот центар „Бугарија“ во Софија уапсени се четворица Бугари и странци додека се обидувале да продадат амфетамини.

Акцијата ја спровела бугарската Генералната дирекција за борба против организиран криминал, јави би-Ти-Ви.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, сè уште не се знае колку државјани на Бугарија и колку странци се приведени.

Веста за апсењето ја потврди и главниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, главниот комесар Петар Тодоров.