По синоќешниот протест во центарот на Белград, дел од еколошките активисти останаа пред зградата на Претседателството во своите шатори.
Активистите претходно најавија дека ќе „кампираат“ додека не се исполнат барањата – трајна забрана за експлоатација на литиум и бор на територијата на цела Србија пред изборите на 3 април, јави Бета.
Останатите учесници на протестот се разотидоа по протестната прошетка низ центарот на Белград.