Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во романскиот црноморски град Констанца изјави дека присуството на американските сили во Романија ја покажува посветеноста на САД за безбедноста на Европа.

Столтенберг е во посета на воената база Михаил Когалничану, каде веќе пристигна првиот конвој од САД, кој ќе биде стациониран таму за да го зајакне источното крило на Северноатлантската алијанса. Наскоро се очекува да пристигнат уште два конвои.

Генералниот секретар на Алијансата ја повтори загриженост поради евентуални руска инвазија врз Украина, додавајќи оти НАТО треба да размисли за долгорочно присуство во Југоисточна Европа.

– Продолжуваме да го зајакнуваме нашето источно крило, посочи Столтенберг, нагласувајќи дека акциите на НАТО се одбранбени.