Русија многу брзо ќе им одговори на контра предлозите на САД и НАТО за европската безбедност, изјави денеска во Москва рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу по средбата со својот британски колега Бен Валас, пренесоа руските медиуми.
Москва побара од Вашингтон и Брисел гаранции дека НАТО никогаш нема да ја прифати Украина во својот воен блок, што тие го одбија, но ги испратија своите предлози до Русија.
Шојгу го повика Западот да престане да и испорачува оружје на Украина и кажа дека Русија не е единствената виновна за зголемувањето на тензиите во Европа.
Тој побара објаснување зошто Лондон испраќа специјални сили во Украина.
Рускиот министер, исто така, на својот британски колега му кажал дека неговото министерство е подготвено да размисли за продолжување на соработката со Велика Британија за воените прашања.
Британските медиуми пренесуваат дека Валас денешните разговорите ги оцени како „конструктивни и искрени“.
Руското Министерство за надворешни работи денеска го отфрли заедничкиот одговор НАТО и ЕУ на безбедносните прашања, нарекувајќи го несодржаен и толкувајќи го како недостаток на почит.