Четири авиони Еурофајтер ЕФ-2000 Тајфун II од шпанското воено воздухопловство слетаа денеска во воздухопловната база „Граф Игнатиево“, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија.

До 31 март годинава 130 шпански војници ќе извршуваат задачи за засилена воздушна заштита (Air Policing) заедно со нивните колеги од бугарските воени воздушни сили. Министерскиот совет со одлука од 24 јануари годинава дозволи заедничко спроведување на задачите за зајакнување на заштитата на воздушниот простор на Бугарија од страна на воздухопловните сили на Бугарија и Шпанија.

При извршување на заедничките задачи од Air Policing, приоритетно ќе се користат дежурните бугарски ловци. Мисијата спроведува мерки за обезбедување на безбедноста на земјите-членки на НАТО на источното крило и ќе се спроведува според плановите и процедурите на Интегрираниот систем за воздушна и ракетна одбрана на Алијансата (NATINAMDS /).

Заштитата на воздушниот простор на НАТО е мирновременска колективна одбранбена мисија. Нејзина цел е да обезбеди интегритет и безбедност на воздушниот простор на сојузниците од Алијансата.

Се предвидува на 17 февруари во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ да биде организиран ден за медиуми.