Велика Британија ги повика своите граѓани во Украина „да си заминат сега додека се уште има комерцијален превоз“, поради стравувањата од ескалација на кризата на руско-украинската граница.
– Министерството за надворешни работи советува да не се патува во Украина. Британските граѓани кои престојуваат во Украина мора да ја напуштат земјата сега, додека се уште е достапен комерцијален превоз, се вели во ажурираното соопштение на веб-страницата на Министерството.