Началникот на Генералштабот на руската армија Валери Герасимов денеска разговарал за меѓународни безбедносни прашања со началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, Марк Мили.

Разговорот бил телефонски, соопшти руското Министерство за одбрана без да открие други детали.

Претходно, Герасимов и Мили телефонски разговарале на 23 ноември.