Белата куќа соопшти дека американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин телефонски разговарале за кризата околу Украина.

Не се соопштени детали од речиси едночасовниот разговорот.

На разговорот Бајден – Путин му претходеа разговорите помеѓу американските и руските министри за надворешни работи и за одбрана.

Путин за Украина денеска имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, а Бајден синожа одржа виртуелен разговор со сојузниците од НАТО и од Европска Унија.