Спасувачкиот брод „Оушен вајкинг“ (Ocean Viking) на организацијата СОС Медитеран во изминатите 24 часа во четири операции спаси 228 луѓе, од кои 51 малолетник без придружба, кои се обидувале да стигнат до Европа.

Првата интервенција била вчера попладне во зоната на спасувачките тимови на Малта, при што се спасени 93 луѓе од пренатрупан дрвен брод, се наведува во соопштението на СОС Медитеран, со седиште во Марсеј.

Синоќа биле спасени 88 мигранти, меѓу кои и едно бебе, во близина на брегот на Либија.

Бродот „Оушен вајкинг“ утрово во зоната на Малта забележал уште еден брод со 22 лица на дрвен брод.

Тимовите на СОС Медитеран утрово, исто така во зоната на Малта спасиле 25 лица од пластичен чамец.