Претседателот на Србија Александар Вичиќ изјави денеска дека Српската напредна партија (СНС) ќе победи на изборите на 3 април „поубедливо од кога било“, наведувајќи дека со овие зборови го завршил своето обраќање на вчерашната седница на Главниот одбор на партијата, која беше затворена за јавноста, јави дописникот на МИА од Белград.
-Некогаш морате да изгубите на избори, но ќе видиме што ќе биде на 3 април на гласачките места, но не во весниците, во медиумите на Ѓилас и Шолак, изјави Вучиќ во Мачвански Прњавор, коментирајќи го интервјуто на потпретседателката на Партијата на слобода и правда (ССП) Мариника Тепиќ дека СНС очекува пораз на изборите и затоа подготвува насилници за тепање.
Како што наведе Вучиќ, „што се однесува до насилниците и тепањето и тие глупости, тоа е како на ниво на она што го измислија за Моровиќ, дека дрогата е таму, или за Јованица, тоа е на тоа ниво“.
-Кога не знаат што да прават, тогаш лажат. Што им е гајле, ништо не ги чини, лажат и немаат никаков проблем со тоа. Не се грижат, кажа Вучиќ, на церемонијата со која беше означен почетокот на изградбата на брзиот пат Шабац-Лозница како дел од идниот пат Рума-Шабац-Лозница.