САД и нудат на Украина гаранција за заем до една милијарда долари за да и помогнат на нејзината економија поради притисокот од руското воено засилување, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Оваа понуда ќе ја зајакне способноста на Украина да обезбеди економска стабилност, раст и просперитет за своите граѓани, соочени со дестабилизирачкото однесување на Русија, рече Блинкен.

Силно партнерство меѓу Украина, ММФ, другите меѓународни финансиски тела, Г7, богатите земји и други билатерални донатори, исто така, ќе помогне во тие напори, додаде тој.