Утре во работна посета на Република Србија пристигнува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јавија српските медиуми.
Како што најавија од прес службата на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ќе има работен состанок со премиерот на Република Грција, Кирјакос Мицотакис во претседателската зграда во вечерните часови, по што се предвидува двајцата да дадат изјави за медиумите.
Претседателот Вучиќ и премиерот Мицотакис се сретнаа во декември 2019 година во Атина, кога беше потпишана Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Србија и Грција.