Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање во словенечкиот Парламент, на итна седница го разгледува предлог-законот за вонредни мерки за ублажување на ефектите од високите цени на енергенсите, со кој се предвидува еднократна помош од 150 евра за 710.000 корисници.
Предлог-законот, кој го разгледува Државниот збор (Парламентот) по итна постапка, предвидува солидарен надоместок од 150 евра, кој ќе го добијат околу 465.000 пензионери кои во декември имале максимална пензија од 1.000 евра и околу 67.000 лица кои имале право на паричен надоместок – социјална помош, инвалидски надоместоци или бенефиции.