Актуелната ситуација во опозициската Демократска партија (ПД) каде продолжува „војната“ меѓу актуелниот лидер Љуљзим Баша и историскиот лидер Сали Бериша, за премиерот Еди Рама има негативно влијание во Албанија.

-Тоа е голем раскол што се рефлектира и со голема поделеност меѓу луѓето. Тоа и штети на државата, но ние не можеме ништо да смениме. Спектакуларно заложништво од два трагикомични лика, од „нон грата“ личност и сериски губитник, кој зборува како да ја открил Америка, но е заложник на самиот себе, изјавил Рама за „Гласот на Америка“ редакција на албански јазик.

Додава дека земјата немала опозиција со години посочува дека „сме имале опозиција на мускули, а не на умови“.

На прашањето дали „конфликтот“во десницата влијае на владата, премиерот одговори:

-Се обидуваме да отвориме нови патишта за комуникација со граѓаните, без разлика на политичките разлики и поради оваа причина ја презедовме иницијативата „Национална консултација“, каде прашуваме за одлучувачки прашања кои Владата ги има под знак прашалник, вели тој.

Станува збор за прашалник во кој албанските државјани одговараат на повеќе прашања, преку електронска пошта а формуларот им се доставува и во домовите на граѓаните во земјата.