Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе остане будна додека не се потврдат тврдењата на Москва за воено повлекување.

– Досега не видовме знаци на деескалација. Напротив, гледаме дека акумулацијата продолжува, рече Фон дер Лејен.

– Се надеваме на најдоброто, но подготвени сме за најлошото,истакна шефицата на Еврокомисијата.