Косовскиот премиер, Албин Курти и вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијасора, Доника Грвала ќе отптуваат денеска за Германија, каде што ќе учествуваат на Минихенската конференција за безбедност, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението од владината служба за информирање, Курти и Грвала ќе престојуваат во Германија три дена и „ќе остварат разни билатерални средби“.
Во февруари минатата година Курти исто така учествуваше на Минхенската конференција, при што за прв пат седна на иста маса со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Курти тогаш изјави дека тоа не го смета за средба со Вучиќ, затоа што тие немале директна средба.