Вашингтон ќе ѝ продаде 250 тенкови од типот „Абрамс“, верзија M1A2 SEPv3,на Варшава, информира полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак.
Многу важни вести за безбедноста на Полска. Стејт департментот се согласи да продаде 250 тенкови „Абрамс“ од најновата верзија, напиша Блашчак на Твитер.
Тој купувањето го нарече еден од најважните воени договори во полската историја.
Ова е исклучително важно за зајакнување на нашите одбранбени капацитети, додаде полскиот министер.
Претходно, соопштувајќи за купувањето на тенковите, полските власти порачаа оти планираат да ги распоредат долж нивните источни граници со Белорусија и со Украина.