Повеќето Германци се против прием на Украина во НАТО, покажа анкета на Дојчландтренд, која редовно се спроведува за јавниот сервис АРД.
Повеќе од половина од испитаниците, 53 отсто, се против членство – 31 отсто од нив се против членство во наредните години, додека 22 отсто се против Украина воопшто некогаш да стане членка на воениот сојуз, пренесува Дојче веле.
Во исто време, 28 отсто од анкетираните Германци со право на глас се против членство на Украина во НАТО во сегашната ситуација, а 19 отсто од испитаниците не можеле или не сакале да го коментираат тоа.
Прашањето за членството на Украина во НАТО е централна точка во тензичната безбедносна ситуација во Европа. Како гаранција за безбедност, Русија, меѓу другото, бара нејзината соседна земја да не биде примена во Алијансата.