Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај објави дека, со поддршка на САД, во тек е подготовка на Договор за безбедност на информациите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што информира Мехај преку неговата страница на Фејсбук, цел на договорот, насловен како ГСОИА, е „јакнење на националните одбранбени и безбедносни капацитети“.

– Безбедноста на нашата одбранбена технологија и балансираната заштита на доверливоста, интегритетот и досапноста до податоците, е целниот систем со поддршка на Администрацијата за безбедност на одбранбената технологија на американскиот Департман за одбрана. Продолжуваме заедно со нашитее американски пријатели кон финализирањето на овој догвор, напиша Мехај.