Голем пожар утринава избувна во станбена зграда во градот Есен во западниот дел на Германија, а три лица се префрлени в болница поради труење со чад, соопштија денеска локалните власти.

Противпожарната служба соопшти дека од зградата се евакуирани околу 100 луѓе.

На местото на инцидентот се испратени околу 150 пожариникари за да го изгаснат пожарот.

Причината за пожарот се уште не е позната, но се чини дека огнот брзо се проширил откако избувнал во раните утрински часови, поттикнат од најновата бура што ја погоди северна Европа во изминатите денови.