Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, секретарот на Советот за национална безбедност на Русија, Николај Патрушев, доаѓа во Белград, на 28 февруари, сооштија Вечерње Новости.
Според весникот, планирано е Патрушев кој е искусен безбедњак, да се состане со претседателот Александар Вучиќ, а една од главните теми би била предупредувањето што неодамна го изнесе рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, дека на Косово, Албанија и БиХ се регрутираат воени платеници за војната во Украина, во Доњецк и Луганск.
-Вучиќ и Патрушев треба да го разгледаат и понатамошното засилување на соработката на двете земји на полето на безбедноста, како и актуелните предзвиците со кои се соочува регонот, Европа и светот, пишуваат Новости.
Исто така, се очекува дека рускиот функционер ќе побара дополнителни информации од домаќините во Србија за шпекулациите објавени во медиумите блиски до Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, дека руските опозициски лидери неодамна биле наводно тајно следени во Белград и дека министерот за внатрешни работи Александар Вулин му го предал тој материјал на Патрушев, при посетата на Москва на почетокот на декември минатата година, соопштија Новсти.