На разговорите во Виена за обнова на нуклеарниот договор од 2015 година, Иран и големите силе постигнаа „значителен напредок“, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзадех.

Меѓутоа, „ништо не е договорено додека сè не е договорено“, додаде тој на брифингот, па појасни дека „останатите прашања се и најтешки“.

Високиот ирански безбедносен функционер, Али Шамхани, изјави дека продолжуваат разговорите со европските преговарачи и понатаму, но преговрите со САД не се на дневен ред, затоа што нема да донесат никаков „пробив“.

Во Виена, од април се одвиваат индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон.