Српскиот претседател Александар Вучиќ и францускиот претседател Емануел Макрон попладнево ќе разговараат за кризата во Источна Европа и ситуацијата на Западен Балкан, соопшти Танјуг, повикувајќи се на извори во Претседателството на Србија.
Во изминатите неколку дена Макрон ја презеде улогата на посредник во обидот да се реши кризата во Украина, телефонски разговарајќи со рускиот претседател Владимир Путин, а веднаш потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Утринава од кабинетот на Емануел Макрон соопштија дека постои можност за непосредна средба меѓу Владимир Путин и Џозеф Бајден по повод настаните во Украина.
Вучиќ по днешната седница на Советот за национална безбедност на инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ напиша:
-Важни договори за 1. Зачувување на мирот и стабилноста во регионот; 2. Подобрување и зголемување на нивото на безбедност за нашата земја и граѓаните; 3. Анализи и конкретни дејствија при набавка на суровини и важни стоки кои поради светската криза би можеле да станат дефицитарни. Србија е на безбеден пат!