Напад на руски војници од Белорусија се чини малку веројатен, и покрај постојаното предупредување од САД, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, пренесе ДПА.

-Тоа звучи смешно, им рече Резников на новинарите.

Киев го проценува дека бројот на руски војници во Белорусија на околу 9.000, плус опрема.

Ресников додаде дека не е изненадувачки што Москва не ги повлече своите војници по завршувањето на заедничките вежби со белоруската војска, вчера, „бидејќи е очигледно дека тие не биле испратени дури од Далечниот Исток во текот на неколку изминати недели за да тренираат 10 дена, а потоа да се вратат“.