Интензивирањето на конфликтот меѓу Русија и Украина доведе до „исклучително опасна ситуација“, изјави денеска портпарол на германската Влада.

– Санкции против Русија ќе бидат воведени по дополнителни територијални прекршувања во Украина, истакна портпаролот, додавајќи дека западните партнери ќе одлучат што ќе се квалификува како територијално прекршување.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин денеска попладне, изјави портпаролот на редовната владина прес-конференција во Берлин.