Германија се подготвува да обезбеди хуманитарна помош за сите бегалци кои заминуваат од Украина во соседните земји, соопшти министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Подготовките на Германија се насочени првенствено кон земјите кои граничат со Украина, како што се Полска и Романија, рече Фезер при учеството на европската конференција за миграција во Виена, пренесува ДПА.

– Но, доколку бегалците влезат во нашата земја, тогаш секако и за нив, рече министерката.