Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди одлуката на Владимир Путин да ја признае независноста на проруските сепаратистички региони во источна Украина и повика на „целни европски санкции“ против Москва, јави дописникот на МИА.
Според соопштението од Елисејската палата, францускиот претседател повика на „итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации“, осудувајќи го „едностраното кршење на меѓународните обврски на Русија и нападот врз суверенитетот на Украина“, се наведува во соопштеното на претседателството на француската република.
Париз притоа повикува на „целни европски санкции“ против Москва