Дипломатскиот персонал на САД, кој беше префрлен од Киев во западниот украински град Лавов, од безбедносни причини ќе преноќи во Полска, изјави синоќа американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Стејт департментот уште еднаш презема мерки за безбедноста на граѓаните на САД, вклучувајќи го и нашиот персонал“, наведе Блинкен во изјавата.
Ситуацијата околу Украина ескалира откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша декрети за признавање на самопрогласените републики во источна Украина