Од руското трупање војници долж границата во ноември, до Владимир Путин, кој нареди војници во источните сепаратистички области, ова е временската рамка на повеќемесечните тензии околу Украина.

На 10 ноември 2021 година, Вашингтон известува за невообичаени движења на руските војници во близина на украинската граница.

На 28 ноември, Украина соопшти дека Русија распоредила речиси 92.000 војници за офанзива на крајот на јануари или почетокот на февруари. Москва го негира ова и го обвинува Киев за сопствено воено засилување, барајќи „правни гаранции“ дека никогаш нема да влезе во НАТО.

На 7 декември, американскиот претседател Џо Бајден му се закани на рускиот колега, Путин, со „силни економски и други мерки“, доколку ја нападне Украина. Десет дена подоцна, Москва дава предлози за ограничување на влијанието на САД и НАТО врз поранешните советски држави.

На 17 јануари, руските трупи почнаа да пристигнуваат во поранешна советска Белорусија за воени вежби, за кои Москва вели дека имаат за цел „да ја спречат надворешната агресија“. Два дена подоцна, Вашингтон најавува дополнителна безбедносна помош од 200 милиони долари за Киев.

На 24 јануари, НАТО ги става војниците на подготвеност и испраќа бродови и борбени авиони за зајакнување на источната одбрана на Европа. Следниот ден, Москва започнува воени вежби, во кои учествуваат околу 6.000 војници и најмалку 60 борбени авиони во јужна Русија, во близина на Украина и во анектираниот Крим од Москва.

На 26 јануари, Вашингтон одбива да ја затвори вратата на НАТО за Украина и алијансата вели дека многу од безбедносните барања на Москва се „нереални“.

САД велат дека веруваат дека Путин „ќе употреби воена сила од сега до средината на февруари“. Следниот ден, Кина предупредува дека безбедносните грижи на Русија треба да се „сфатат сериозно“.

На 28 јануари, Путин рече дека Западот ги игнорирал „фундаменталните грижи на Русија“ за проширувањето на НАТО и дека „напаѓал вооружени системи во близина на границите на Русија“.

На 2 февруари, САД испраќаат 3.000 војници за зајакнување на силите на НАТО во источна Европа.

Русија и Белорусија почнуваат 10-дневни воени маневри на 10 февруари.

На 15 февруари, Москва соопшти дека дел од нејзините сили се враќаат во своите бази. Но, НАТО не гледа знаци за повлекување и Вашингтон тврди дека Русија всушност испраќа засилувања.

На 17 февруари, гранатирањето се интензивира по целата линија на фронтот на двете енклави, поддржани од Русија, во источна Украина. Еден ден подоцна, лидерите на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск соопштија дека ги евакуираат жителите во Русија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја обвинува Москва за „лажни провокации“ за да ја оправда натамошната „агресија“ врз Украина.

На 19 февруари, Украина соопшти дека двајца нејзини војници загинале во напади на линијата на фронтот со сепаратистите поддржани од Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предлага средба со Путин, бидејќи Москва пробува ракети со нуклеарна способност. Русија е „на работ“ да ја нападне Украина, вели Вашингтон.

Франција и Германија ги повикуваат своите државјани да ја напуштат Украина.

Во понеделникот Франција соопшти дека Путин и Бајден начелно се договориле за самит.

Но, Белата куќа е особено внимателна и Кремљ вели дека е премногу рано.

Руската војска соопшти дека убила пет „саботери“ кои преминале во Русија од Украина. Украина ги негира тврдењата.

Во телевизиско обраќање, Путин ја признава независноста на два сепаратистички региони во источна Украина. ЕУ вети санкции.

Путин им наредува на руските војници во сепаратистичките области во источна Украина да бидат распоредени во „мировна“ мисија.

Неколку часа подоцна, за време на вонредната седница на Советот за безбедност, ОН и повеќето нејзини членки ги осудуваат руските одлуки.

Вашингтон вели дека ќе воведе нови санкции за Русија.

ЕУ, исто така, ќе усвои санкции, рече шефот за надворешна политика на блокот Жозеп Борел.

Москва вели дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е се уште подготвен за разговори со Блинкен, со кого треба да се сретне в четврток во Женева