Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников ги предупреди денеска украинските војници за „проблеми“ и човечки жртви, откако Москва ги призна двата сепаристички региона, а потоа наложи да бидат испратени руски трупи во поддршка на нивните барања за независност.
– Ќе има проблеми. Ќе има загуби. Ќе треба да ја издржиме болката, да ги победиме стравот и очајот, изјави Резников во обраќањето до украинската армија, објавено на веб страницата на Министерството, во кое ги повикува војниците да бидат подготвени за војна.
Но, тој вети и „сигурна победа“ пред руската закана.
– Кремљ н прави уште еден чекор кон заживување на Советскиот Сојуз, истакна украинскиот министер.
Мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин, Резников нагласи дека „вчера го покажал своето вистинско лице“.
– Лице на криминалец кој сака да го држи во заложништво целиот слободен свет, додаде Резников.