Говорејќи за кризата во Украина, лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, истакна дека има доволно простор за дипломатија, но дека дипломатијата е се помалку, особено ако дојде до офанзива на украинските сили, јави дописникот на МИА од Белград.

-Од аналитичка гледна точка, има се помалку простор за дипломатија. Од друга страна, од позиција на државник на Србија, морам да кажам дека сите сме многу загрижени за оваа ситуација. Свесни сме дека имаме проблеми со територијалниот интегритет и дека ќе бидеме под притисок да одлучиме за некои мерки што ќе се преземат. Не знаеме што се ќе се случи, но доколку се заострат санкциите, можно е да се преземат одредени воени мерки, ќе дојде до изјаснување на некои земји од регионот… Она што е важно е Србија да се грижи за своите интереси и да не ги нарушува пријателските односи со Русија – изјави Дачиќ на ТВ Хепи.

Тој додаде дека, без разлика на притисоците, српскиот народ никогаш нема да застане на страната на оние кои се непријатели на рускиот народ.

– Лесно е да се започнат војни на туѓи територии, затоа апелирам до Русите и Украинците да најдат заеднички јазик и да не дозволат никој да профитира од нивниот конфликт – оцени Дачиќ и додаде дека Србија сигурно нема да ги раскрвави рацете во братоубиствената војна.