Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека Велика Британија ќе спроведе воени вежби со цел да се покаже слободата на движење над Балтичкото Море.

Експедициска група предводена од Британија (ЈЕФ), која ги вклучува балтичките земји, ќе спроведе серија интегрирани воени активности во нивниот дел од северна Европа. Заедничките експедициски сили на Велика Британија формирани се во 2014 година.

Соопштението дојде по состанокот на Заедничките експедициски сили, групација предводена од Британија, а составена од Данска, Естонија, Финска и Исланд, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска.

– Се согласивме да спроведеме серија интегрирани воени активности низ нашиот дел од северна Европа, на море, на копно и во воздух, истакна Бен Валас.

– На пример, наскоро ќе спроведеме вежба која ќе ја покаже слободата на движење на нациите на ЈЕФ во Балтичкото Море. Овие и следните активности ќе останат превентивни и пропорционални“.