Русија денеска воспостави дипломатски односи со т.н. Доњецка Народна Република (ДНР) и т.н. Луганска Народна Република (ЛНР), соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги призна проруските сепаратистички региони Доњецк и Луганск како независни држави, чекор кој Западот веднаш го осуди.