Еколошки активисти денеска ги блокираа патиштата што водат до трите најголеми германски аеродроми. Пред да дојде полицијата, тие со лепак се залепија за патиштата.

Активистите од „Востанието на последната генерација“ изјавија дека целта им е да ги нарушат товарниот и патничкиот сообраќај на аеродромите во Франкфурт, Минхен и во Берлин.

Тие лица бараат од Владата да преземе мерки за да се запре фрлањето огромни количини употреблива храна. Фрлањето, како што тие тврдат, допринесува за глад и климатски промени.

Претходните протести, што се одвиваа со блокирање патишта и пристаништа на сличен начин, предизвикаа критики од официјални претставници од целиот политички спектар, од конзервативните партии, до Зелените.