Косовската Влада денеска ги продолжи за 30 дена вонредните мерки за снабдување со електрична енергија, кои опфаќаат редукции во снабдувањето со струја на потрошувачите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката е донесена на предлог на Министерството за економија, со образложение дека енергетската ситуација во земјата и натаму е тешка и дека владините мерки, донесени минатиот декември, а кои беа во сила 60 дена, позитивно влијаеле за справување со состојбата.


– Предлагаме продолжување на мерката за снабдување со енергија за дополнителни 30 дена, затоа што преземените мерки од Владата на 24 декември и усвоени од Собранието на 29 декември влијаеја позитивно на зачувувањето на безбедноста на снабдувањето со електрична енергија во услови на енергетската криза која ја имавме, ијави заменик-министерот за економија, Ментор Арифај.