Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го осуди рускиот „непромислен напад“ врз Украина, јави Би-Би-Си.
Во објава на Твитер, тој вели дека со нападот „се доведуваат во ризик безброј животи на цивили“. „Ова е сериозно прекршување на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност“, додава тој.
Столтенберг посочи дека сојузниците од НАТО ќе се состанат за да се осврнат на „обновената агресија“ на Русија.