Претседателот на Израел Исак Херцог, по покана од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу денеска е во еднодневна официјална посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според програмата, Херцог ќе биде пречекан со највисоки почести во претседателската палата, а освен со Сакеларопулу, предвидено е да се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, со претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, како и со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис.