Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа на брифинг за новинарите изјави дека САД во изминатиот период предупредуваа за рускиот напад на Украина и дека тоа сега се материјализира.
-Постојано сме во контакт со Украинците за руските позиции и за тактиките. Веруваме дека Путин ги имплементира тие тактики. Тој не очекуваше да го имаме тоа ниво на информација што го имаме, и не очекуваше таква обединетост на сојузниците, изјави синоќа таа.
-Гледаме дека Путин импровизира и се адаптира на откритијата објавени од американските разузнавачките служби, тој возвраќа како ние одговараме, рече Псаки.
Путин синоќа во Москва објави „специјална воена операција за заштита на Донбас".
САД пак претходно ја информираа украинската Влада дека инвазија од голема магнитуда е „неизбежна".
-Русија ги прави последните потези. Насобрана е армија од север, од исток и од југ за да нападне, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.