Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово имал телефонски разговор со белорускиот шеф на државата, информирајќи го дека Москва почнува воена операција врз Украина, соопшти кабинетот на Александар Лукашенко.
„Околу 5 часот наутро (02:00 по Гринич) денеска беше остварен телефонски разговор меѓу претседателите на Белорусија и Русија“, соопшти кабинетот на Лукашенко. „За време на повикот, Владимир Путин го информираше својот белоруски колега за ситуацијата на границата со Украина и во Донбас.
Кремљ засега нема соопштение за разговорот.
Путин нареди офанзива во раните утрински часови денеска, по телевизиско обраќање.