Започна вонредна средба со претседателот на Бугарија Румен Радев поради руската инвазија врз Украина.
Во зградата на Претседателството веќе се премиерот на Бугарија Кирил Петков, министрите за надворешни работи, за внатрешни работи, за одбрана и за транспорт Теодора Генчовска, Бојко Рашков, Стефан Јанев и Николај Шабев, како и шефовите на специјалните служби.
Во Министерството за надворешни работи рано изутрина почна со работа Кризен центар, јави дописникот на МИА од Софија.