Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе претседава со итен состанок на кој ќе се разговара за „ужасниот“ руски напад врз Украина, соопшти неговиот кабинет.
„Премиерот ќе претседава со COBR во 07.30 часот (локално и GMT) за да разговара за одговорот на ужасните напади во Украина утринава“, изјави портпаролот на Даунинг стрит.